Почетна / Трикови и совети / Кујна / Неколку трикови со лимон кој дефинитивно вреди да ги пробате

Неколку трикови со лимон кој дефинитивно вреди да ги пробате

Трикови и совети - Неколку трикови со лимон кој дефинитивно вреди да ги пробате

Лимонот припаѓа во групата на цитрусните овошни плодови, во која што спаѓаат и портокалот, мандарината, грејпфрутот и др.  Особено е корисен кога е во прашање вашето здравје. Овој жолт плод содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати. Освен тоа што е добар за вашето здравје и тело исто така се користи во исхраната за подготовка на лимонада, кришки лимон како додаток во сокови и чаеви, кората и сокот од лимон при подготовка на храна и десерти.

Но, дали сте знаеле дека ова овошје има многу различни намени кои на било каков начин не се поврзани со храната? Подолу ќе најдете неколку трикови и совети како да го користите лимонот во домаќинството, при чистење, елиминирање бубачки и инсекти како спреј за коса, декорација… и многу друго. Можеби не сте знаеле за овие едноставни трикови со лимон, но дефинитивно вреди да се испробаат.

1. Алкохолни желе шатчиња лимон

Направи сам - Алкохолни желе шатчиња лимон

2. Чистење на микробранова печка со лимон

Наполнете една чинија со вода, лимонов сок и парчиња лимон и ставете ја во микрото да се загрее околу 3 минути на висока температура

Направи сам - Чистење на микробранова печка со лимон

3. Лед со лимон кој ќе трае многу подолго

Во тавче за мафини ставете вода и лимон исечен во кругови. Тавчето ставете го во ладилник за да се замрзне

Направи сам - Лед со лимон кој ќе трае многу подолго

4. Чистење на даска за сечење

За да ја исчистите добро даската за сечење и да се ослободите од непријатните мириси од кромид и лук исчистете ја даската со парче лимон

Направи сам - Чистење на даска за сечење

5. Исчистете го лабавото со парчиња лимон

Направи сам - Исчистете го лабавото со парчиња лимон

6. Риба на скара

Ова е навистина паметен начин како да ја испечете рибата на скара без да ви се распадне и залепи, а воедно да добие прекрасен цутрусен шмек. Ставете неколку парчиња лимон на скара и одозгора ставете ја рибата да се пече.

Направи сам - Риба на скара со лимон

7. Овошен свеќник против бубачки и комарци

Направете овошен свеќник кој не само што ќе изгледа убаво, туку и ќе ги брка непријатните бубачки кога седите со пријателите надвор. Теглата наполнете ја со вода, ставете рузмарин и кругови сецкан лимон. Одозгора ставете запалена свеќа.

Направи сам - 7. Овошен свеќник против бубачки и комарци

8. Уникатна овошна вазна за цвеќе

По краевите на вазната ставете кругови лимон, а во средина свежо цвеќе.

Направи сам - Уникатна овошна вазна за цвеќе

9. Природни миризливи свеќи во кора од лимон

Направи сам - Природни миризливи свеќи во кора од лимон

10. Лимонот ја осветлува вашата коса

Сокот од лимон ставете го во шишенце со прскалка и така нанесувајте го на вашата коса.

Направи сам - Лимонот ја осветлува вашата коса

11. Невидливо мастило

Лимонот може да се користи и како невидливо мастило. Потребно е само да се напише некаков текст со сок од лимон и кога ќе се стави на светлина тој може да биде прочитан.

Направи сам - Лимонот може да се користи како невидливо мастило за пишување