Почетна / Дом и градина / Уметничка слика со мрсни бои

Уметничка слика со мрсни бои

napravi sam - umetnicka slika so mrsni boi

Уметноста е човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Преку уметноста човекот се разликува од останатите живи битија. Иако постојат луѓе кои се родени уметници и кои со едно движење на четката или моливот создаваат неверојатни слики на кои сите се дивиме, постојат и такви креативни луѓе кои иако немаат талент за цртање создаваат прекрасни уметнички дела.

Денес ви даваме еден интересен предлог како да направите вистинска уметничка слика од мрсни бои која одлично ќе изгледа во вашиот дом. Навистина прекрасно шарено освежување на просторот.

Што ви е потребно за овој направи сам проект

  • мрсни бои
  • платно за сликање
  • фен за коса
  • силиконски пиштол

napravi sam - umetnicka slika so mrsni boi

Инструкции:

  1. Со силиконскиот пиштол залепете ги мрсните бои на платното за сликање;
  2. Мрсните бои подредете ги по нијанси од потемни кон посветли;
  3. Вклучете го фенот за коса и доближете го до брсните бои. Боичките ќе почнат да се топат и да се разлеваат надолу по платното.

napravi sam - umetnicka slika so mrsni boi

napravi sam - umetnicka slika so mrsni boi