Почетна / Декорација / Уникатна ѕидна декорација со прибор за јадење

Уникатна ѕидна декорација со прибор за јадење

Napravi sam - Unikatna zidna dekoracoja so pribor za jadenje

Доколку се мислевте што можете да закачите на празните ѕидови во кујната ви даваме одлична идеја!!!

Потребни материјали за овој направи сам проект:

  • стари ретро рамки за слики
  • стар прибор за јадење
  • материјал
  • бел спреј
  • чекан

Napravi sam - Unikatna zidna dekoracoja so pribor za jadenje

Инструкции:

Рамките и приборот внимателно испсркајте ги со бел спреј или офарбајте ги со бела боја и четка. Можно е да треба да нанесете повеќе слоеви боја за истите целосно да се офарбаат бели. Во тој случај оставете да помине 1-2 часа помеѓу фарбањето за да има време сликата и приборот добро да се исушат.

Со помош на чекан обидете се да ги исправите дршките на вилушките и лажиците. Материјалот исечете го колку големината на рамката за слика и зацврстете го на задниот дел од рамката (можете да го залепите со силиконски пиштол или да заковате ситни шајќи). На крај, свртете ја рамката на предната страна и залепете го приботор на платното.

Закачете ја рамката на ѕидот во кујната или во некоја друга соба доколку сметате дека така повеќе ќе ви одговара.

Napravi sam - Unikatna zidna dekoracoja so pribor za jadenje