Почетна / Услови на користење

Услови на користење

Добредојдовте на веб сајтот Направи Сам. Со негово користење Вие се согласувате со Условите на користење (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие се согласувате со Условите на користење (дефинирани подолу).

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ НАПРАВИ САМ.

Napravisam.mk е лансирана во 2016 година како прва специјализирана веб страна во Македонија на која можете да се најдат детални информации за направи сам проекти во повеќе категории:

  • Дом и градина
  • Декорација
  • Забава
  • Мода и убавина
  • Рецепти
  • Трикови и совети

Овој портал е создаден со цел креативните луѓе на едно место да најдат идеи и инспирации преку детални инструкции, туторијали и видеа за свои DIY – направи сам проекти.

Во 2019 година на порталот е имплементиран онлајн каталог на производи. Заинтересираните ракотворци се регистрираат на сајтот и имаат можност да направат сопствена веб продавница каде што ги објавуваат производите кои ги изработуваат/услугите кои ги нудат.

Преку веб сајтот napravisam.mk не се врши продажба на производите/услугите кои ги нудат ракотворците. Ракотворците директно контактираат со посетителите на сајтот во врска со продажбата и доставата на производите/услугите.

Napravisam.mk не е одговорен за сликите и содржината што ја внесуваат ракотворците, ниту пак е одговорен за квалитетот, цената и доставата на производите/услугите кои се поставени на страната.

Администраторите на napravisam.mk ги прегледуваат барањата за регистрација и истите ги одобруваат или одбиваат во зависност од тоа дали ги исполнуваат критериумите, односно нудат уникатни или производи од рачна изработка.

Исто така, администраторите на napravisam.mk го одобруваат поставувањето на производите доколку истите се пратени за објава во согласност со интерните упатства дадени на регистрираните ракотворци.