Почетна / Забава / Виткање на поклон | Шише за вино

Виткање на поклон | Шише за вино

Vitkanje poklon - sise vino

Шише вино често се поклонува кога идете на некоја забава како роденден или слава. Но, зошто да го дадете во обична украсна кеса кога можете интересно да го украсите и да го дадете како навистина убаво завиткан и уникатен поклон.

Ви предложуваме три начини како да го завиткате шишето вино кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.

1. Шише вино завиткано во кујнска крпа

Со кујнската крпа не само што можете интересно да го завиткате шишето вино, туку истото претставува уште еден дополнителен поклон кој и како ќе им користи на домаќините.

Што ви е потребно:

  • шише вино
  • кујнска крпа
  • панделка

Постелете ја крпата на рамна површина и поставете го шишето вино на средина. Крпата соберете ја кон вратот на шишето и заврзете ја со панделка.

Vitkanje poklon - sise vino

2. Шише вино завиткано во џемпер

Доколку имате некој стар џемпер кој повеќе не го носите можете да го искористите за различни направи сам проекти како на пример да го завиткате шишето вино кое ќе го носите како подарок.

Што ви е потребно:

  • шише вино
  • џемпер
  • панделка

Пресечете го ракавот од џемперот на должина колку што е високо шишето. Протнете го ракавот од џемперот во шишето и со панделка врзете го на вратот на шишето.

Vitkanje poklon - sise vino

3. Шише вино завиткано во платно

Уште еден интересен начин како да го завиткате шишето вино е да направите кастамизирана футрола од платно.

Што ви е потребно:

  • шише вино
  • две парчиња платно
  • игла и конец
  • ножички
  • пенкало
  • панделка

Легнете го виното врз парчето платно и со пенкало исцртајте ја формата ма шишето. Со ножички исечете ја формата но неколку сантиметри подалеку од првично нацртаното. Повторете ја постапката за второто парче платно или за да ви биде полесно исечената форма прецртајте ја на второто парче платно и исечете го. Потоа сошијте ги двете парчиња со дебел конец за везење за да се познаваат штеповите. Откако ќе ја направите футролата ставете го виното и врзете машна.

Vitkanje poklon - sise vino