Почетна / Мода и убавина / Водени нокти | Интересен дизајн за неколку минути

Водени нокти | Интересен дизајн за неколку минути

Vodeni nokti

Секогаш ни се потребни свежи и нови идеи за да го направиме животот разноличен и интересн како и нашите нокти. За перфектни нокти немора да трошите пари кај професионални артисти за нокти бидејќи ние ви нудиме идеи како сами да направите интересен дизајн кој нема да помине незабележан.

Што ви е потребно:

  • сад со вода (препорачливо е зовриена вода)
  • базичен лак што се користи како основа
  • безбоен завршен лак
  • ацетон
  • памук
  • салотејп
  • лак за нокти во различни бои по ваш избор
  • чепкалки за уши
  • чечкалица
  • ножички
  • стара крпа или лист хартија како подлога

Vodeni nokti - potrebno materojali

Чекор 1: Нанесете базичен лак за нокти како основа и почекајте да се исуши

Vodeni nokti - nanesi bazicen lak

Чекор 2: Откако добро ќе се исуши нанесете лак со бела боја бидејќи на неа најдобро ќе се истакнуваат боите кои ќе ги употребувате понатаму

Vodeni nokti - lak so bela boja

Чекор 3: Залепете салотејп околу вашите нокти како заштита. Внимавајте да не покриете и делови од ноктот.

Vodeni nokti - zalepi so selotejp

Чекор 4: Земете го садот со вода и врз неа пуштете една капка од лакот што сте го избрале како прв. На истиот начин додадете од вториот лак во центарот и повторувајте ја процедурата 5-6 пати. Ќе забележите како боите брзо се рашируваат на површината на водата

Vodeni nokti - vo sad so voda kapni nekolku kapki lak vo razlicna boja

Чекор 5: Земете ја чечкалицата и поминете низ водата од третиот прстен надолу кон центарот. Истото повторувајте го со цел да добиете форма на цвет или додека не го добиете посакуваниот дизајн.

Vodeni nokti

Чекор 6: Спуштете го вашиот прст во водата (во дизајнот кој навеќе ви се допаѓа) во агол од 45 степени до крајот на салотејпот.

Vodeni nokti - potopi gi prstot

Чекор 7: Држете го прстот во водата и земете нова чечкалица за да поминете низ водата и го соберете остатокот од лакот  (лакот од водата ќе се залепи за стапчето и нема да го уништи дизајнот на вашиот нокт кога ќе го извадите прстот). Потоа можете прстот внимателно да го извадите од садот со вода. Ноктот мора добро да се исуши, па внимавајте при вадење на салотејпот да не го уништите дизајнот. Доколку ви остане боја околу ноктот, со помош на чепкалката за уши и ацетонот полека избришете го.

Vodeni nokti - odlepi go selotejpot

Vodeni nokti