Почетна / Декорација / Војничка чинија за овошје

Војничка чинија за овошје

Направи сам - Војничка чинија за овошје направена од пластични играчки војници | Napravi sam - Vojnicka cinija za ovosje napravena od plasticni igracki vojnici

Дали како мали сте играле со мали пластични војници? Ако одговорот е ДА и ако сеуште ги чувате дома не употребливи ви предлагаме да го направите овој лесен и интересен направи сам проект со рециклирана стопена пластика.

Потребни материјали:

  • мали пластични играчки
  • огноотпорна метална чинија
  • плинско решо

Напомена: Топењето пластика е токсочно, затоа бидете внимателни и истото направете го во надворешни услови каде има добра вентилација.

Направи сам - потребни материјали за изработка војници играчки | Napravi sam - Potrebni materijali za izrabotka plasticni vojnici igracki

Инструкции:

Наредете го првиот слој војници – играчки еден до друг на дното на чинијата (околу 10-15 се доволно). Вклучете го огнот на средно-ниска температура и ставете ја чинијата. Потребно е пластиката малку да се стопи колку да може војниците да се залепат еден до друг.

Рециклирање пластика за изработка на чинија за овошје | Recikliranje plastika za izrabotka na cinija za ovosje

Додадете друг слој на војници и ставете ја чинијата повторно на оган за добро да се залепат. Продолжете со додавање на војници – играчки додека не стигнете до горниот дел на чинијата.

Пластиката се реди во огноотпорна метална чинија и се става во рерна да се пече за да се спои пластиката

Откако ќе завршите, оставете чинијата со залепените војници добро да се олади и потоа лесно ќе можете да ја извадите вашата нова уникатна и декоративна чинија за овошје.

Рециклирање пластика за изработка на чинија за овошје | Recikliranje plastika za izrabotka na cinija za ovosje.

Направи сам - Војничка чинија за овошје направена од пластични играчки војници | Napravi sam - Vojnicka cinija za ovosje napravena od plasticni igracki vojnici