Почетна / Декорација / Врамени клучеви

Врамени клучеви

Направи сам - Врамени клучеви

Често ни се случува да сакаме да зачуваме некоја непотребна работа за спомен. Па така чуваме некакви безпотребни ситници по фиоките се додека не се решиме да ги фрлиме. 

Но ако навистина сакате да чувате работи за спомен, тогаш направете го тоа малку поинаку, со некаков направи сам проект со кој ќе добиете интересна а воедно вредна декорација во домот.

На пример, во овој направи сам проект се врамени клучеви од неколку станови, куќи или коли во кој се живеело и под секоја од нив е напишано кој клуч од каде е и каков спомен истиот носи. Интересен проект нели??

Потребни материјали:

  • рамка за слика
  • клучеви
  • бел лист хартија
  • силиконски пиштол
  • пенкало

Инструкции:

Белиот лист хартија исечете го колку големината на рамката за слика. Пожелно е да ја зелепите на подебел картон. Потоа, со силиконскиот пиштол залепете ги клуќевите на еднакво растојание една до друга и под секое напишете што тој означува за вас.