Почетна / За нас

За нас

logo_napravisam.mknapravisam.mk е првата специјализирана веб страна во Македонија на која можете да најдете детални информации за направи сам проекти во повеќе категории:

  • Дом и градина
  • Декорација
  • Забава
  • Мода и убавина
  • Рецепти

Овој портал е создаден со цел креативните луѓе на едно место да најдат идеи и инспирации за свои DIY – направи сам проекти односно преку детални инструкции, туторијали и видеа да го разубавите вашиот дом и градина, да направите неверојатна и уникатна роденденска забава или свадба, совети како да ги искористите старите алишта, да направите уникатен накит или домашни маски за лице и коса или да ги израдувате вашите најблиски со вкусен и едноставно подготовен рецепт за појадок, ручек или вечера, свеж пијалок и разни трикови и совети кои ќе ви помогнат во чистење и одржување на кујната и домот.

Наша инспирација – Ваша креација

Наша задача е да ви дадеме идеи и да ве инспирираме како можете да ги искористите и рециклирате старите предмети во домот за да си направите корисни работи за вас а воедно и да ја зачувате и подобрите животната средина.

Се надеваме дека содржината на napravisam.mk ќе ве привлече, заинтересира и мотивира, а ние постојано ќе се трудиме да ви нудиме нови и интересни предлози!!!

napravisam logo apple